• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 октомври 2017, 

Црвена звезда ја дели една победа од АБА финалето

Црвена звезда ја дели една победа од АБА финалето

Белград, 20 март 2017 (МИА) – Црвена звезда ја совлада Будуќност со 82:67 синоќа во Белград во првиод натпревар од полуфиналната пресметка во регионалната кошаркарска АБА лигата која се игра до две победи.

„Црвено-белите“ уште од стартот го преземаа водството и ја имаа контролота на резултатот во сите 40 минути и не му дадоа на противникот посериозно да ја загрози нивната победа.

Домаќинот ја доби првата битка и во другата полуфинална пресметка. Во Загреб Цедевита го победи Партизан со 83:76 и е на еден чекор до финалето.

Реваншот Партизан – Цедевита во Белград е закажан за 25 март, а во Подгорица Будуќност и Црвена звезда ќе играат на 28 март.

Доколку има потреба од „мајсторки“ тие ќе се одиграат на 1 односно 4 април. зс/08:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.