• A-
  • A
  • A+
четврток, 23 март 2017, 

Дејан Недев освои злато на Фудокан Куп

Дејан Недев освои злато на Фудокан Куп

Виена, 20 март 2017 (МИА) – Најдобриот македонски натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев освои златен медал во кати за сениори на Европскиот Фудокан Карате Куп „Дунав 2017“ во Виена, Австрија.

Медали освоија и македонските каратисти во помладите категории. Иван Трпковски освои 3 златни медали во категориите: ката, кихон и кихон ипон кумите за деца до 10 год.

По еден бронзен медал освоија Ведран Андоновски, Димири Влахо и Гоце Гроздан во кати односно во јиу ипон кумите за деца од 12-14 год.

На ЕК во Австрија учество земаа над 160 каратисти од 14 Европски земји. зс/07:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ