• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Македонската младинската репрезентација се пласира на ЕП за ракометарки

Македонската младинската репрезентација се пласира на ЕП за ракометарки

Скопје, 20 март 2017 (МИА) – Со победата над Фарски Острови од 23:19 постигната синоќа на последниот натпревар од квалификационата група 1 женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 19 голови) избори учество на Европското првенство што од 27 јули-6 август ќе се игра во Словенија.

Победата постигната над Фарски Острови беше втора за Македонија во групата откако претходно беше совладана Молдавија. Македонија го освои второто место во групата, зад Унгарија.

Најефикасна на натпреварот беше Леонида Гичевска со 7 голови, додека Марија Гајиќ постигна 6.

На Европското првенство ќе играат следниве 16 репрезентации: Македонија, Унгарија (група 1), Шпанија, Романија (група 2), Франција, Црна Гора (група 3), Хрватска, Холандија (група 4), Шведска, Србија (група 5), Португалија (група 6), Норвешка (група 7), Германија (група 8), Данска, Русија и Словенија директно се пласирани. мн/зс/07:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...