• A-
  • A
  • A+

понеделник, 26 јуни 2017, 

Убедлива победа на Монако за зачувување на лидерското место во Лига 1

Убедлива победа на Монако за зачувување на лидерското место во Лига 1

Париз, 19 март 2017 (МИА) – Фудбалерите на Монако остварија убедлива победа против Каен, а во рамките од 30.коло на француската Лига 1. 
 
Монако забележа победа со 3-0 на гостински терен против Каен, а со новите три бодови ја зачува лидерската позиција на табелата, во исчекување на вечерашниот настап на актуелниот шампион Париз Сен Жермен . 
 
Два гола на Монако постигна Килијан М’бапе (13 и 81.минута), а во листата на стрелци се запиша и Бразилецот, Фавиот кор реализира пенал (49.минута). 
 
Монако сега има шест бодови повеќе од ПСЖ кој вечерва го пречекува Олимпик Марсеј во последниот меч од оваа рунда. 
 
Денеска се игра и натпреварот Дижон – Сент Етјен. 
 
на натпреварите кои беа одиграни претходно беа постигнати овие резултати: Мец – Бастија 1-0, Лил - Олимпик Марсеј 0-0, Нант – Ница 1-1, Анже – Гингамп 3-0, Тулуз – Рен 0-0, Нанси – Лориен 2-3 и  Бордо – Монпеље 5-1.
 
Табела: Монако 71 бода, ПСЖ 65, Ница 63, Олимпик Лион 50 (-1 натпревар помалку), Олимпик Марсеј 46, Бордо 46,... ит/17:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Принцот Хари сакал да се повлече од британското кралско семејство

Британскиот принц Хари, помладиот син на престолон...

Жена без заби, коса и пори хит во модната индустрија

Првите странци кои допатуваа во Франција, без виза...

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...