• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Забранет сообраќајот за тешки товарни возила на неколку патни правци

Забранет сообраќајот за тешки товарни возила на неколку патни правци

Скопје, 11 јануари 2017 (МИА)Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Берово – Виница – Кочани, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила која важеше на патниот правец Дојранска раскрсница – Дојран е укината од осум часот, а на патниот првец  Кочани – Делчево - граничен премин Делчево од 11 часот.  Од 12:50 часот укината е и забраната за сообраќај на камиони на планиските превои Плетвар и Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од ЈП Македонијапат.  Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. хс/07:38

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.