• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 октомври 2017, 

Се расчистува регионалниот пат кон штипските села Драгоево и Селце

Се расчистува регионалниот пат кон штипските села Драгоево и Селце

Штип, 9 јануари 2017 (МИА) - Регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“ од Штип почна со расчистување на регионалниот пат до штипските села Селце и Драгоево, кои веќе четврти ден се отсечени.

Техничкиот директор на ЈП „Македонија пат“-Штип Кире Коцев, вели дека машината за чистење на снег со пробивање на патот почнала од синоќа, а веќе вечерва се очекува да пристигне во селото Драгоево, по што ќе продолжи кон селото Селце.

- Магистралните и регионални патни правци во овој регион се пробиени, но има остатоци од снег. Засега немаме поголем застој, освен ова што го гледате овде на регионалниот пат кон овие две штипски села. На регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Крупиште снежните наноси достигнуваат од два до три метри и таму е прочистено се одвива сообраќајот безбедно, но има уште за работа, односно треба да се проширува, вели Коцев.

Забележува дека целата механизација и вработени се сконцентрирани на магистралните и регионални патни правци за да бидат оспособени за сообраќај. Врботените на регионалната подржница на ЈП „Македонија пат“-Штип денеска веќе почнала и со подготвки и за утрешниот нов снежен бран што се најавува.

Надзорното лице за патиштата низ Источна Македонија Митко Митков, денеска беше во обиколка на магистралните и регионални патишта. Вели дека во изминатите четири дена светиниколскиот и штипскиот регион биле најпогодни од бранот кој што помина, а најголем проблем создавал ветерот кој правеше големи снежни наноси или ѕидови на патишта, а чија висина достигнуваа од еден до скоро четири метри. вдј/аа/15:35

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Плачев додека го читав сценариото за последната епизода од „Игра на престолите“

Популарниот актер Кит Харингтон изјави дека заплак...

Писмо пронајдено на загинат патник од Титаник продадено за 140.000 евра

Писмо пронајдено кај еден од загинатите патници на...

Поранешни претседатели на САД собираа пари за жртвите на ураганите Харви и Ирма

Сите живи поранешни претседатели на САД Џими Карте...

Жителите на Карлсруе во потрага по „чудовиштето“ што им ги напаѓа лебедите

Локалните власти во германскиот град Карлсруе реши...

Трамп следната недела ќе ги објави документите за убиството на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска нај...