• A-
  • A
  • A+
петок, 23 февруари 2018, 

Во Владата презентирана програмата на бугарското претседателство со Советот на ЕУ

Во Владата презентирана програмата на бугарското претседателство со Советот на ЕУ

Скопје, 23 јануари 2018 (МИА) - Амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков на денешната седница на Владата на Република Македонија ги презентираше програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на Европската унија.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата во рамките на оваа точка свое обраќање имаше и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

- Двајцата амбасадори ги поздравија актуелните политики на Владата на РМ во однос на европските интеграциски процеси и нагласија дека очекуваат и понатаму во политиките на Владата на РМ да доминира политичка мудрост, како и одржување на напорите за национално единство за решавање на важните прашања во оваа фаза на пристапувањето на земјата во евро-атлантските иницијативи, се наведува во соопштението на Владата. дма/сст/21:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ