• A-
  • A
  • A+
петок, 23 февруари 2018, 

Американски дипломат ги обвини Сирија и Русија по тврдењата за нов хемиски напад

Американски дипломат ги обвини Сирија и Русија по тврдењата за нов хемиски напад

Вашингтон, 22 јануари 2018 (МИА) - Американскиот државен потсекретар Стив Голдстин ги критикуваше Сирија и Русија по тврдењата дека сириската армија извршила нов хемиски напад врз бунтовнички позиции.

- Убиени се цивили и тоа за нас е неприфатлив. Русија не успеа да го отстрани хемиското оружје од Сирија и ја блокира работата на организациите задолжени за спречување на користењето на хемиско оружје, обвини Голдстин.

Сириски про-опозициски организации тврдат дека армијата извршила напад во областа Источна Гоута, во близината на главниот град Дамаск, каде во 2013 година беше извршен најтешкиот хемиски напад во граѓанската војна во Сирија, со неколку стотици убиени лица. Гоута е во бунтовнички раце, а армијата лојална на Башар ал Асад подолго време се обидува да ја освои областа.

Американскиот дипломат потенцираше дека САД се уште немаат дефинитивна потврда дека е извршен хемиски напад. САД се подготвуваа да ја нападнат Сирија во 2013 година, по масакрот во Гоута, но тогашниот претседател Барак Обама ја откажа воената операција откако Русија понуди да посредува во отстранувањето на целото хемиско оружје од Сирија. цч/20:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.