• A-
  • A
  • A+
петок, 23 февруари 2018, 

Финансирањето на Владата на САД одблокирано до 8 февруари

Финансирањето на Владата на САД одблокирано до 8 февруари

Вашингтон, 22 јануари 2018 (МИА) - Американскиот Сенат денеска со 81 гласови „за“ и 18 „против“ го одобри привремено финансирање на сојузната влада, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Одлуката беше усвоена откака лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, неочекувано предложи гласање за привремено финансирање до 8 февруари, под услов дотогаш да завршат преговорите за спорните прашања. 

До тој датум треба да се донесе консензуално решение за програмата за одлагање на дејството на Законот за депортација на децата мигранти - ДАКА, за имигрантите, за зајакнување на границата со Мексико, за социјалните програми и помош на настраданите од ланските урагани и за кризата со зависност од опијати.

Првпат во историјата на САД се случува блокирање на финансирањето на владата кога една партија ја има контролата над извршната и законодавна власт - Белата куќа и двата дома на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом.

Пред да започне гласањето, Шумер се обрати пред сенаторите и порача до своите сопартијци демократои да гласаат „за“.

- Тридневното блокирање беше предизвикано од непостоењето воља кај претседателот (Доналд) Трамп да преговара со демократите за низа важни прашања, изјави тој. бкв/сп/20:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.