• A-
  • A
  • A+
петок, 23 февруари 2018, 

Болтон одбива да се тргне од лидерската позиција на УКИП, хаос во партијата

Болтон одбива да се тргне од лидерската позиција на УКИП, хаос во партијата

Лондон, 22 јануари 2018 (МИА) - Лидерот на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Хенри Болтон, одби да поднесе оставка откако извршниот комитет на партијата му изгласа недоверба.

На Болтон му е изгласана недоверба откако неговата девојка, Џо Марни, изјави дека вереницата на принцот Хари, Меган Маркл, „ќе фрли дамка врз кралското семејство", а дала и некои расистички изјави.

И покрај тоа што таа се извини за нејзините изјави, Болтон објави дека тие ја прекинуваат врската.

Болтон, и пред скандалот со Марни, го повикуваа да поднесе оставка, бидејќи ја напуштил својата сопруга за да биде со својата љубовница.
 
Претседателот на Извршниот комитет на УКИП, Пол Окден, изјави дека сите партиски членови на партијата освен Болтон, гласале за негова смена.

Со ова, УКИП повторно би можела да се најде во позиција да бара претседател, петти откако еден од најголемите поддржувачи на Брегзит, Најџел Фараџ, се повлече од чело на партија пред 18 месеци. ир/гт/11:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ