• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Доделени наградите на 21.Ораторска вечер „Иво Пухан“

Доделени наградите на 21.Ораторска вечер „Иво Пухан“

Скопје, 12 декември 2017 (МИА) – Студентот на трета година политички студии Амар Мециновиќ ја освои првата награда на 21. Ораторска вечер „Иво Пухан“ што вечерва се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На студентскиот натпревар меѓу 12 финалисти тој победи со говорот „Acta non verba“.

Според одлуката на стручното жири, второ место на натпреварот освои Маријана Китановска, трета година правни студии - за говорот „За Матка, за Данска и сонот во една магла“, а третонаграден беше Кристијан Пејиќ, исто така трета година правни студии, за говорот „Безизлез“.

Специјална награда „Бранко Ѓорчев“ за најдобар сценски настап доби Филип Дракалски, прва година на Медицинскиот факултет, за говорот „Зошто заминуваме од себеси?“

Наградите се парични и ги доделува спонзорот на натпреварот „Еуролинк“.   За годинашниот натпревар беа пријавени 21 кандидат, а 12-те финалисти беа избрани на полуфинална вечер. 

Ораторската вечер „Иво Пухан“ се одржа во рамки на Деновите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и по повод Меѓународниот ден на човековите права. хс/лв/21:34

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...