• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Украински суд го ослободи Саакашвили од притвор

Украински суд го ослободи Саакашвили од притвор

Киев, 11 декември 2017 (МИА) - Украински суд вечерва донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот грузиски претседател и актуелен лидер на украинското опозициско Движење на новите сили, Михаил Саакашвили.

Судијката Лариса Цокол од Печорскиот окружен суд во главниот град Киев не го прифати барањето на Јавното обвинителството за задржување на Саакшвили во притвор.

Саакашвили и неговите приврзаници, вклучувајќи неколку украински пратеници, ја поздравија одлуката на Судот со аплауз.

Украинското Јавно обвинителство го товари 49-годишниот опозициски за помагање на криминална организација, обвиненија кои тој тврди дека биле фабрикувани, за да се спречи неговата кампања за смена од власта на претседателот Петро Порошенко.

Обвинителството, како што претходно јави МИА, соопшти дека води истрага против Саакашвили за негова поврзаност со украински бизнисмени блиски до Москва, кои подготвувале соборување од власт на Порошенко.

Украинската полиција го уапси Саакашвили во петокот вечерта и од тогаш тој беше во притвор, каде почна и штрајк со глад. јт/сп/21:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...