• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Телефонски разговор на Ердоган и Трамп за сириската криза

Телефонски разговор на Ердоган и Трамп за сириската криза

Анкара, Вашингтон, 24 ноември 2017 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за сириската криза, но и за други регионални прашања.

Во телефонскиот разговор, како што соопшти Кабинетот на турскиот претседател, станало збор и за односите помеѓу Турција и САД.

Телефонскиот разговор следи неколку дена откако Ердоган присуствуваше на трилатералната средба со лидерите на Русија и Иран во Сочи, посветена на мирно решавање на сириската криза.

Пред разговорот, Трамп на социјалната мрежа Твитер објави дека со Ердоган ќе разговара „за да донесе мир во хаотичната област, што ја наследи на Блискиот исток“.

- Ќе го средам тоа, но каква грешка е во животите и доларите да се биде таму, напиша Трамп.
       
Американскиот претседател претходно наведе бројка од 6.000 милијарди долари како трошок на САД во судирите на Блискиот исток. паг/зш/17:43

###


        

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...