• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Почна петицијата на бугарските интелектуалци за поддршка на барањето на МПЦ до БПЦ

Почна петицијата на бугарските интелектуалци за поддршка на барањето на МПЦ до БПЦ

Скопје, 24 ноември 2017 (МИА) - Во Бугарија почна петицијата  која ја покренаа бугарските интелектуалци за подрршка на барањето на Македонската православна црква, која од Бугарската патријаршија бара да ја прифати како ќерка-црква и да ја признае нејзината афтокефалност. 

Со петицијата интелектуалци, научници, новинари и потомци на познати македонски семејства ја повикуваат Бугарската патријаршија да го прифати барањето и да и стане мајка-црква на МПЦ.

Целта на петицијата е општеството да ја изрази својата поддршка кон БПЦ за процесот.

- Свесни сме дека проблемот со признавањето на автоќефалноста на МПЦ е прашање, кое воопшто не лесно за решавање, инаку нејзината хиерархија не би се наоѓала во изолација веќе 50 години. Но сметаме дека Бугарската патријаршија ги има сите основи и историски и канонски, да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите браќа во Република Македонија, нивната црква да го добие своето полноправо место во семејството на православните цркви, се вели во писмото на иницијаторите на петицијата до бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод. ац/зш/17:05

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...