• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Заев: За неколку дена ќе се комплетираат испразнетите ресори

Заев: За неколку дена ќе се комплетираат испразнетите ресори

Скопје, 24 ноември 2017 (МИА) - Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање рече дека верува оти за неколку дена ќе се предложи министер за здравство во Собранието на Република Македонија, министер без ресор за странски инвестиции и заменик-министер за образование и наука.

- Верувам дека за неколку дена ќе се предложи министер за здравство овде во Собранието, министер без ресор и заменик-министер, за да бидат докомплетирани сите ресори во Владата, а дотогаш заменикот-министер, државниот секретар и другите во Министерството ја вршат работата, рече Заев.

Секако, посочи, тоа не е исто, но десет дена само се поминати. - Најбрзо можно ќе излеземе со предлог решение, додаде Заев. рп/скс/15:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...