• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

ОН: Повеќе од една третина жени во светот се жртви на насилство

ОН: Повеќе од една третина жени во светот се жртви на насилство

Њујорк, 24 ноември 2017 (МИА) - Во светот, повеќе од една третина жени во текот на својот живот има доживеано физичко и/ или сексуално насилство; 750 милиони жени стапиле во брак пред 18-годишна возраст, а повеќе од 250 милиони биле подложени на допирање на нивните гениталии, се наведува во пораката на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.

Во пораката на ОН се наведува дека секоја жена и девојка има право на живот без насилство, но исто така се констатира дека кршењето на човековите права во различни форми се јавува во секоја заедница, а особено се погодени најмаргинализираните и најранливите.

 
Се додава дека зачестеноста на нападите врз активистките за правата на жените е загрижувачка, а насилството врз политичарките го попречува напредокот во остварувањето на граѓанските, политичките, социјалните, економските и културните права на жената.

Во текстот на ОН се забележува дека денес е прифатен ставот оти насилството врз жените, вклучувајќи ги вознемирувањето и штетните практики, претставува значајна пречка за остварување на човековите права и директно се доведува во прашање вклучувањето и учеството на жените во одржување на мирот.

- Ако не се фатиме во костец со овој проблем, никогаш нема да  да ја оствариме Агендата за одржлив развој до 2030 година, се вели во пораката, додавајќи дека е потребно сите во своите држави, региони и заедници, заеднички и истовремено да работат на реализација на истата цел.

ОН потсетува дека вложува многу напори за решавање на проблемот со насилството врз жените. Оттаму го споменуваат Фондот на ОН за сузбивање на насилството врз жените, иницијативата Спотлајт, покрената со ЕУ и Глобалната иницијатива на ОН за безбедни градови и безбеден јавен простор. ир/гт/16:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...