• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Гутереш бара итна истрага за продажбата на мигранти во Либија

Гутереш бара итна истрага за продажбата на мигранти во Либија

Њујорк, 20 ноември 2017 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска побара итна истрага во врска со извештаите дека во Либија се продаваат мигранти. Тој оцени дека такво нешто може да се смета за злосторство против човештвото.

- За ропството нема место во нашиот свет, изјави Гутереш и дополни дека таквите акции се сметаат за „нечуено кршење на човековите права“. 

Тој рече дека бил преплашен кога ја видел видео-снимката на Си-Ен-Ен, на која се гледа понудата и продажбата на мигранти.

Секретарот на светската организација оцени дека извршителите мораат да бидат изведени пред суд и побара од надлежните тела на ОН активно да се позанимаваат со тоа прашање. ссм/гт/19:53

###

   

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...