• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Се проширува работната група за имплементација на препораките од Прибе

Се проширува работната група за имплементација на препораките од Прибе

Скопје, 17 ноември 2017 (МИА) - Владата денеска ја усвои Предлог-одлуката за дополнување на Одлуката за формирање работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите.

Оваа одлука, како што информираат од владината прес-служба, е донесена врз основа на увидената потреба во нејзината работа да бидат вклучени и претставници од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство кои ќе се повикуваат по потреба. скс/лв/20:10

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...