• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Тинејџер со секира нападна неколку лица во Швајцарија

Тинејџер со секира нападна неколку лица во Швајцарија

Берн, 23 октомври 2017 (МИА) - Еден 17-годишник вооружен со секира синоќа нападна неколку лица на бензиска станица во местото Флимс во кантонот Сент Гален во североисточниот дел на Швајцарија, соопшти швајцарската полиција.

Во полициското соопштение се посочува дека напаѓачот е уапсен, без да се наведе колку лица биле нападнати и какова е нивната здравствена состојба.

Напаѓачот е од летонска националност, кој, според полицијата, нападот го извел сам и нема индиции дека бил поврзан со некои екстремистички групи.  

Мотивите за нападот засега не се познати, сп/00:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.