• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

По поразот во Сирија, команданти на Исламската Држава пребегале во Турција

По поразот во Сирија, команданти на Исламската Држава пребегале во Турција

Дамаск, 19 октомври 2017 (МИА) - Сирискиот Центар за мониторинг на човекови права тврди дека команданти на Исламската држава (ИД) побегале од Сирија во Турција, по серијата порази кои оваа исламистичка група ги претрпе во изминатите месеци.

Според организацијата, чии седиште е во Лондон, командантите на ИД плаќале од 20 до 30 илјади долари како мито за да си обезбедат влез во Турција.

Градот Рака, кој важеше за престолнина на т.н. Исламски Калифат што го пргласи на ИД, беше освоен неделава, а последното урбано упориште на џихадистите во Сирија, Деир ез Зур е под интензивни напади. цч/сп/19:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.