• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

ЛИ2017/ Георгиевски: Победата во вториот круг ќе ги донесе промените во Гази Баба

ЛИ2017/ Георгиевски: Победата во вториот круг ќе ги донесе промените во Гази Баба

Скопје, 19 октомври 2017 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски рече дека на вториот круг од локалните избори граѓаните треба да ја потврдат победата, со што, како што рече, во Гази Баба ќе биде донесен бранот на промените, онака како што тоа било случај во цела Македонија. 

- Се обврзуваме уште еднаш дека ќе работиме по план, одговорно и транспарентно кон граѓаните на нашата општина. Имаме енергија и знаење од Гази Баба да создадеме пример за модерна и современа општина. Јас заедно со мојот тим се обврзувам дека еден од клучните проекти кои ќе бидат реализирани е целосна гасификација на нашата општина, рече тој.

Најави дека со поддршка на централната власт ќе обезбеди гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, до фирмите и до секое домаќинство во општината и оти на таков начин ќе создаде услови за намалување на трошоците на граѓаните, но и чиста животна средина и чист воздух за сите. сст/ац/19:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ