• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Од 25 до 29 октомври 43.издание на меѓународниот саем ТЕХНОМА

Од 25 до 29 октомври 43.издание на меѓународниот саем ТЕХНОМА

Скопје, 19 октомври 2017 (МИА) - Во организација на Скопски саем од 25 до 27 месецов во ВИП арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржат 43. издание на меѓународниот саем ТЕХНОМА  и 37. Меѓународна изложба на иновации - МАКИНОВА 2017.

На саемските манифестации ќе бидат презентирани дејности, производи, услуги и експертиза на домашни и странски фирми од металургијата, електротехниката, енергетиката, градежништвото... 

- Тимот на Скопски саем со години ги подготвува познатите саемски манифестации кои резултираат со десетици илјади посетители и бројни бизнис конекции и контакти со значително влијание врз економијата во Република Македонија. Овој стучен тим во целост ја вложи својата умешност и долгогодишно искуство во организација на годинешното издание на саемот ТЕХНОМА 2017 и ВИП Арена „Борис Трајковски“  ќе ја претвори во центар за иновативност и технологија, изјави Дејан Кошутиќ, извршен директор на Скопски саем.

Како што потенцираат од Скопски саем, на ТЕХНОМА веќе четири децении се претставуваат националните економии од многу земји и региони и се организираат разни стручни програми и Б2Б средби.

Официјалното отворање на ТЕХНОМА 2017 е закажано за 25 октомври (среда) во 11:30 часот во ВИП арена „Борис Трајковски“.

Работното време за посета на саемот е од 10 до 19 часот. Цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 30 денари.лв/сд/12:33

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ