• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Судија на Хаваи повторно го блокираше антимуслиманскиот указ на Трамп

Судија на Хаваи повторно го блокираше антимуслиманскиот указ на Трамп

Хонолулу, 18 октомври 2017 (МИА) - Американскиот сојузен судија на Хаваи ја блокираше најновата верзија на забранатa за влез во земјата само неколку часа пред да стапи на сила мерката на американскиот претседател Доналд Трамп .

Окружниот судија Дерек Вотсон го одобри барањето од државата Хаваи, привремено да ја блокира владата во Вашингтон од спроведувањето на мерката забрана.

Според новите измени на указот на Трамп, погодени се граѓаните на Чад, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Сирија и Јемен, како и некои владини претставници од Венецуела и членови на нивните семејства.

Во Хаваи се противат на одлуката и тврдат дека таа е продолжение на ветувањето на Доналд Трамп дека „ќе ги исклучи муслиманите од САД".


Забраната ја разгледуваат и судовите во други држави, како што е Мериленд, каде што групите за заштита на граѓанските слободи повикуваат на укинување на ограничувањата за издавање визи и патувања. ир/зш/08:52

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.