• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Кина продолжува да инвестира и да се отвора кон светот

Кина продолжува да инвестира и да се отвора кон светот

Пекинг, 18 октомври 2017 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој воедно е и прв човек на Комунистичката партија на Кина, денеска на отворањето на 19. национален конгрес на партијата, истакна дека кинеската економија нема да ја затвори вратата кон светот туку дополнително ќе ја отвори, и вети „еднаков однос“ кон странските фирми што работат во Кина.

– Отворањето на економијата  ќе донесе напредок додека затворањето би не вратило назад. Кина нема да ја затвори вратата кон светот туку дополнително ќе се отвора, нагласи Си Џинпинг.

Според него, кинеските власти ќе ги штитат правата и интересите на странските инвеститори и секоја фирма која ќе работи во Кина ќе има еднаков и рамноправен третман, истакна кинескиот претседател Си Џинпинг пред 2.287- те делегати присутни на Конгресот.

19. Конгрес на кинеската партија
 
Инаку, за Конгресот, кој за многумина е одлучувачки за иднината на Кина, владее  и голем интерес во светот, што се покажа и на денешната прес-конференцијата на која присуствуваа стотици претставници од странски медиуми.

На прес-конференција беше кажано дека Кина има поставено јасни насоки за реформи и отворање кон светот и од овој курс
нема да се скршне.
   
- Кина нема да се откаже од стратегијата „Еден појас-еден пат“, ниту пак ќе се откаже од политиката на инвестирање, а на вложувачите од целиот свет ќе им обезбеди добри услови ако сакаат да инвестираат, изјави денеска портпаролот на Комунистичката партија Туо Жен.

Овогодинешниот Конгрес на Комунистичката партија на Кина се одржува во време кога сите индикатори покажуваат дека кинеската економија е во пораст и дека не постојат никакви проблеми оваа година тоа да биде 6,5 отсто, што неодамна беше потврдено од страна на директорот на Државниот завод за статистика Нинг Џиже.

Кинеска економија

Тој рече дека
можеби резултатите ќе бидат и подобри од планираното и нагласи дека овој тренд на стабилен раст на кинеската економија нема да се промени.

Џиже додаде дека покрај економскиот раст треба да размислуваат и за зголемување на вработеноста, заедно со податокот дека Кина произведува годишно 13 милиони нови работни места и да има раст на БДП од седум отсто.  ир/гт/09:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.