• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Барселона: Одлуката за притвор на каталонските сепаратистички лидери е провокација

Барселона: Одлуката за притвор на каталонските сепаратистички лидери е провокација

Барселона, 17 октомври 2017 (МИА) - Регионалната Влада на Каталонија оцени дека одлуката на Врховниот суд на Шпанија за одредување притвор на двајца каталонски сепаратистички лидери, претставува „провокација од страна на шпанската држава“.

- Државата си игра со провокации, но луѓето не подлегнуваат на нив, изјави портпаролот на каталонската регионална Влада, Жорди Турул во врска со вчерашната одлука на Врховниот суд за притвор на претседателот на Парламентот на Каталонија, Жорди Санчес и на првиот човек на здружението Омниум Културал, Жорди Куишарт, под обвинение за поттикнување бунт и антидржавни активности.

Според шпанското Обвинителство, Санчес и Куишарт на 20 септември организирале група демонстранти, кои неколку часа ги попречувале обидите на националната полиција за претрес на седиштето на каталонската Влада во Барселона. 

Турул оцени дека Санчес и Куишарт не сториле ништо лошо, туку само „повикувале на мирни протести“.

По одлуката за притовор на Санчес и Куишарт, кои имаа клучна улога во подготовките и организацијата на референдумот за независност на Каталонија одржан на 1 октомври, кој властите во Мадрид го прогласија за противзаконски, во Барселона синоќа беа организирани протести во кои учесниците маршираа низ улиците удирајќи во тенџериња и тави.

Поради притворот на двајцата сепаратистички лидери за вечерва се најавени протести пред канцелариите на шпанските централни власти во повеќе каталонски градови. сп/01:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.