• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Американска компанија ќе гради термоцентрала во Косово

Американска компанија ќе гради термоцентрала во Косово

Приштина, 17 октомври 2017 (МИА) - Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека до крајот на годинава неговата Влада ќе потпише договор со американската компанија за електрична енергија „Контур Глобал“ за изградба на термоцентрала на јаглен во Косово во вредност од милијарда евра.

Компанијата со седиште во Њујорк, беше единствена која се јави на тендерот за изградба на термоцентралата со капацитет од 660 мегават часови електрична енергија, што треба да ја замени ТЕЦ „Косово А“, која е стара 40 години.

Проектот е изложен на силни критики од страна на екологистите, кои тврдат дека Косово треба да се откаже од производство на електрична енергија со јаглен и да се сврти на обновливи извори.

- Ќе има најсовремена технологија и ќе гарантира доволно енергија за следните дваесет години, изјави Хараднај. вт/сп/00:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.