• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Харадинај повика на вклучување на САД во дијалогот Белград-Приштина

Харадинај повика на вклучување на САД во дијалогот Белград-Приштина

Приштина, 17 октомври 2017 (МИА) - Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика САД да се ангажират во дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се води под покровителство на ЕУ.

Според Харадинај, вклулувањето на САД во преговарачкиот процес е клучно за остварување напредок во дијалогот.  

- Улогата на САД е клучна за мирот. Мислиме дека улогата на САД на преговарачката маса има суштинска важност, додаде Харадинај.

Според него, американското вклучување во процесот и претходно давало резултати и помагало за остварување напредок во преговорите.

- Улогата на САД е многу важна во претстојната фаза. Мирот го носат луѓето, Мирот што нема поддршка од народот тешко може да се одржува, затоа ангажирањето на Американците е неопходно за овој мир, потенцира Харадинај.

Косовскиот премиер смета дека преговорите меѓу Белград и Приштина треба да завршат со „взаемно прифаќање на државноста на Србија и на Косово“. сп/00:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.