• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

ЛИ2017/ ДУИ најави развој на инфраструктурата во Долнени

ЛИ2017/ ДУИ најави развој на инфраструктурата во Долнени

Долнени, 26 септември 2017 (МИА) - Кандидатите од ДУИ за градоначалници на Чаир, Пласница и Долнени, Висар Ганиу, Исамил Јаовски и Џемил Ќамили, вечерва ги претставија своите програми.

Ганиу се осврна на енергетската ефикасност, Јаовски го посочи проблемот со немањето брана над Пласница, а Ќамили зборуваше за регулаторната и админстиративна инфраструктура. 

- Од аспект на енергетска ефикасност мислам дека на граѓанинот ќе му помогнеме многу. Со промена на прозори, фасади, кровови граѓаните ќе можат да заштедат 30 отсто од сумата што сега ја плаќаат, рече Ганиу.

Над 90 отсто од населението на Пласница се занимава со земјоделство но, како што потенцира Јаовски, повеќе од 70 проценти не садат зашто нема наводнување. - Браната е неопходна. Направивме проект уште во 80-тите години, сега го обновуваме зашто без него граѓаните на општина Пласница не би можеле да опстанат, нагласи Јаовски.

Ќамили планира, како што рече, поттикнување развој на бизнисот и иницијатива за инвестирање во Долнени зашто тоа обезбедува одржлив развој и зголемување на животниот стандард на граѓаните.

- Нашата програма предвидува и изградба на индустриска зона за што постои интерес кај домашните и странски инвеститори, дополни Ќамили. јв/мч/22:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...

Објавени номинациите за Златен глобус

Во Лос Анџелес синоќа беа објавени номинациите за ...