• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

Иран, сепак, сé уште не ја затвори границата со Ирачки Курдистан

Иран, сепак, сé уште не ја затвори границата со Ирачки Курдистан

Техеран, 25 септември 2017 (МИА) - Иранското Министерство за надворешни работи денеска објави ново соопштение во кое наведува дека границите со Ирачки Курдистан остануваат отворени, и покрај референдумот за независност на таа област.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасем, неколку часа претходно изјави дека „на барање на ирачката Влада, затворени се копнените и воздушните граници кон Ирачки Курдистан".

Но, во новото соопштение се вели дека „копнената граница е отворена" и дека „засега само воздушната граница е затворена". ир/гт/17:03

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.