• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

ЛИ2017/ Бочварски: Сонот за изградба на брана на река Отиња станува реалност

ЛИ2017/ Бочварски: Сонот за изградба на брана на река Отиња станува реалност

Штип, 25 септември 2017 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери за општина Штип Благој Бочварски и кандидатите за советници на денешната прес-конференција истакнаа дека очекуваат фер и демокртаски Локални избори и победа во првиот круг на 15-ти октомври.

Бочварски истакна дека во нивната програма се планирани крупни капитални проекти за градот Штип, меѓу кои изградба и спортско рекреативен центар „Суитлак“, кој ќе се протега од паркот К’ртеќе до викенд населбата Суитлак, а во рамките на центарот ќе се изгради и Аква парк.

- Сонот за брана на река Отиња станува реалност. Штип е еден од ретките градови во Република Македонија во чија близина нема вештачко езеро, кое што би придонело да се ублажат летните горештини и зимските студови. Започнуваме со изградба на брана на реката Отиња, деценискка желба на штипјани. Средствата за реализација се планира да бидат обезбедени од Владата на Република Македонија и од буџетот на општина Штип, вели Бочварски.

Тој истакна дека во програмата е предвидено и намалување на цената на водата за 10 проценти, а идната локалната власт ќе работи како што вети одговорно, транспарентно и во служба на граѓаните. вдј/аа/16:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ