• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

Франција го претстави петгодишниот инвестициски план, вреден 57 милијарди долари

Франција го претстави петгодишниот инвестициски план, вреден 57 милијарди долари

Париз, 25 септември 2017 (МИА) - Француската Влада денеска го претстави инвестицискиот план, со кој се предвидува во следните пет години да се вложат 57 милијарди евра за еколошка транзиција, обука и дигитална трансформација на државата.

- Целта на петгодишниот план е да се зголеми ефектот на владините економски, фискални и социјални реформи, изјави денеска францускиот премиер Едуар Филип при претставувањето на планот за модернизација на Франција.

Тој истакна дека со планот се предвидуваат 57 милијарди евра за реформи, повеќе од 50-те милијарди евра, ветени од Емануел Макрон за време на претседателската кампања.

Планот предвидува дека 20 милијарди евра ќе бидат наменети за еколошка транзиција, која се издвојува како владин приоритет. Девет милијарди евра ќе бидат потрошени на дигитална трансформација, 15 милијарди евра на образование и обука, а 13 милијарди евра ќе бидат резервирани за иновациите.

Францускиот премиер најави дека за финансирање на планот, 12 милијарди евра ќе бидат обезбедени од постојните кредити, а преостанатите 45 милијарди евра ќе бидат финансирани од нови извори. ссм/зш/16:10

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.