• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

Анкара: На еден чекор на Берлин за нормализација на односите, ние ќе направиме два

Анкара: На еден чекор на Берлин за нормализација на односите, ние ќе направиме два

Истанбул, 25 септември (МИА) - Ако Германија направи еден чекор, Турција ќе направи два за да се нормализираат билатералните односи, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија ова го кажа
во интервју за телевизиската станица „А Хабер" откако германската канцеларка Ангела Меркел на изборите за Бундестагот го обезбеди четвртиот мандат.

- Германија треба да учи од сопствените грешки, рече Чавушоглу, прашан да ги искоментира односите меѓу двете држави, кои беа влошени во последниве месеци поради несогласувањата за повеќе прашања - од политика до безбедност. ир/зш/17:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.