• A-
  • A
  • A+

четврток, 21 септември 2017, 

Вучиќ: Живаљевиќ бил во Собранието со знаење и дозвола од тогашните македонски власти

Вучиќ: Живаљевиќ бил во Собранието со знаење и дозвола од тогашните македонски власти

Белград, 22 август 2017 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното гостување во Дневникот на РТС, изјави дека српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ на 27 април годинава за време на насилства во Собранието на Македонија бил таму со знаење и допуштање на тогашните македонски власти.

Вучиќ објасни дека Живаљевиќ не заминал во Собранието на „своја рака“ и без знаење на македонски власти. 

- Тој Живаљевиќ не отишол во Собранието сам од себе, ниту ме прашал мене или прашал кого било овде во нашата земја, иако нам мора да ни полага сметки. Тој ги прашал највисоките претставници на извршната власт во Македонија, највисококо раководство и рекол дека сака да биде таму. И тие беа целосно запознаени со неговото присуство таму, рече Вучиќ.

Тоа, потоа, според него, е искористено за кампања против Србија. Вучиќ рече дека во Брдо кај Крањ, бил замолен Живаљевиќ да биде повлечен од Македонија, како што и е направено, но потоа повторно, за тој чекор, почнале да му зборуваат на Белград дека Србија е виновна за нешто штом го повлекла тој човек. 

Тој сите последователни случувања ги објасни како „обид да се создаде една голема политичка приказна, во која се обидуваат да ја вовлечат Србија“. см/са/21:08

                                                                                                         ###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин (видео)

Комитетот за истрага што го води случајот за новод...

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...