• A-
  • A
  • A+
сабота, 18 ноември 2017, 

Ќе се подготвува Национална стратегија за соработка со дијаспората

Ќе се подготвува Национална стратегија за соработка со дијаспората

Скопје, 22 август 2017 (МИА) - Владата на Република Македонија на денешната седница едногласно ја прифатила Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората (2018-2023).

Како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, Владата задолжила повеќе министерства и државните органи во рок од 10 дена до Кабинетот на министерот без ресор Едмонд Адеми, задолжен за дијаспора, да достават номинации за член и заменик-член за Работната група за изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората. дма/хс/19:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.