• A-
  • A
  • A+

четврток, 21 септември 2017, 

„Ел Мундо“: Терористите планирале напад врз катедралата Саграда Фамилиа во Барселона

„Ел Мундо“: Терористите планирале напад врз катедралата Саграда Фамилиа во Барселона

Мадрид, 22 август 2017 (МИА) - Еден од уапсените припадници на џихадистичката ќелија што изврши терористички напад во Барселона, минатата недела, изјавил на сослушувањето дека прославената катедрала, Саграда Фамилиа, била една од целите на џихадистите, пишува мадридски „Ел Мундо“ повикувајќи се извори од судот.

Мохамед Хули Кемлал, еден од четворицата уапсени џихадисти, на денешното сослушување во Вишиот суд во Мадрид, признал дека нивната исламистичка ќелија планирала многу поголем напад, од оној што беше извршен.

Тој и уште тројца други кои беа уапсени во големата антитерористичка операција на шпанската полиција, по нападот во Барселона, беа префрлени од каталонскиот главен град, во Мадрид, на сослушување кое почна денеска попладне.

Хули Кемлал на судот се појавил во пижами, затоа што е повреден при непланираната експлозија во една куќа во Алканар, минатата среда, што била локацијата каде бил планиран нападот на булеварот „Рамблас“ и каде полицијата подоцна откри 120 канистри за гас, што исламистичките терористи ги користат при изработката на автомобил бомба.

Џихадистичката група уби 15 лица и повреди над сто други, во неколкуте напади во и околу Барселона.

Осум припадници на оваа исламистичка, терористичка келија се мртви, од кои двајца во експлозијата во Алканар, а шестмина во престрелката со шпансата полиција.

Последниот убиен терорист беше Јунес Абујакуб (22).

Полицијата верува дека тој го возел комбито кое со движење од 100 километри на час влета низ пешачката зона на „Рамблас“ и притоа уби 13 лица.

Според весникот „Ел Мундо“ во експлозијата во Алканар загинал и еден марокански имам, за кој се верува дека ги радикализирал младата група Мароканци - џихадисти. ти/см/ 19:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин (видео)

Комитетот за истрага што го води случајот за новод...

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...