• A-
  • A
  • A+
сабота, 18 ноември 2017, 

Шекеринска се сретна со македонски воени аташеа и воениот претставник на постојаната мисија во НАТО

Шекеринска се сретна со македонски воени аташеа и воениот претставник на постојаната мисија во НАТО

Скопје, 18 август 2017 (МИА) - Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Скопје одржа состанок со одбранбените аташеа на Република Македонија во САД, Турција, и СР Германија, со воениот претставник на РМ при НАТО и со нерезидентното аташе за Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Министерката Шекеринска, соопштуваат од нејзиниот Кабинет, ги информираше воените претставници на Република Македонија за актуелните состојби во Министерството за одбрана, како и за идните планови, фокусирајќи се на претстојната изработка на стратегиските документи од доменот на одбраната и чекорите кои ќе се преземат во однос на постапното зголемување на одбранбениот буџет. Дополнително, министерката зборуваше и за тоа што треба да се преземе во насока на подобрување на интерните процеси и процедури во Министерството за одбрана и начините за идна комуникација, а се со цел заеднички и координиран настап пред странските партнери и пријатели.

За време на состанокот аташеата ја информираа министерката за одбрана за актуелните состојби во земјите за кои се задолжени, како и за актуелните случувања во НАТО, за редовните и вонредни активности кои ги спроведуваат со акцент на периодот јануари-август 2017 година, како и за нивните идеи и препораки за идниот период.

Од страна на министерката Шекеринска беше побарано од нашите претставници да продолжат интензивно да работат за континуирано јакнење на довербата и соработката со партнерите, во насока на остварување на стратешката цел на државата – членство во НАТО.

Беше заклучено дека ваквиот тип на состаноци се корисни и ќе се одржуваат еднаш годишно. вј/сст/18:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.