• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

Бројот на повредените во нападите во Шпанија достигна 126 лица

Бројот на повредените во нападите во Шпанија достигна 126 лица

Мадрид, 18 август 2017 (МИА) - Бројот на повредените во терористичките напади извршени вчера во Барселона и Камбрилс достигна 126 лица, а 17 од нив се наоѓаат во критична состојба, соопшти каталонската агенција за цивилна заштита на Твитер.

Засега е потврдено дека 14 луѓе загинаа откако вчера попладне комбе влета во пешаци на најпопуларната туристичка улица во центарот на Барселона, Лас Рамблас.

Во терористичкиот напад во Барселона беа повредени 120 лица, а 61 се уште се хоспитализирани. Седумнаесет од нив се наоѓаат во критична состојба, а 25 се здобиле со потешки повреди. Кај останатите се констатирани „лесни“ или „помалку сериозни“ повреди.

Во нападот во Камбрилс, кој бил извршен осум часа подоцна, повредени се шест лица, а четворица се задржани на болничко лекување. Тројца од хоспитализираните се наоѓаат во критична здравствена состојба. гт/зш/17:58

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест н...