• A-
  • A
  • A+

вторник, 23 мај 2017, 

Се катапултираше пилот на авион од носачот „Карл Винсон“

Се катапултираше пилот на авион од носачот „Карл Винсон“

Вашингтон, 21 април 2017 (МИА) - Пилотот на американскиот борбен авион „Ф/А-18 Супер Хорнет“ беше принуден да се катапултира додека се подготвувал да слета на американскиот носач на авиони „Карл Винсон“, соопшти денеска Пентагон. 

Пилотот, кој не е идентификуван, бил извлечен со хеликоптер од водите на Целебеското Море, меѓу Индонезија и Филипините, стои во соопштението на американската морнарица. 

Во соопштението се наведува дека нема „видливи повреди“ на пилотот. 

Морнарицата на САД на 8 април објави дека јуришната група „Карл Винсон“ тргнала кон Корејскиот Полуостров во момент на растечки тензии поради нуклеарните амбиции на Пјонгјанг. 

Меѓутона, „Би-Би-Си“ неодамна јави дека американскиот носач на авиони и другите воени бродиви не запловиле кон Северна Кореја, туку тргнале во спротивен правец. см/ссм/19:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...

Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција

Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Арм...

Аријана Гранде ја прекинува својата турнеја

Американската пејачка Аријана Гранде најави прекин...

Рамазан: Оваа година најкратко ќе се пости во Јужна Америка

Месецот Рамазан, во кој муслиманите во светот пост...