• A-
  • A
  • A+

петок, 26 мај 2017, 

Малтешкиот премиер под притисок да се повлече поради Панамските досиеја

Малтешкиот премиер под притисок да се повлече поради Панамските досиеја

Валета, 21 април 2017 (МИА) - Малтешката опозиција го повика премиерот на Малта Џоузеф Мускат да поднесе оставка, еден ден откако во јавноста се појавија тврдења за корупција, што го засегаат неговото семејство.

Сајмон Бусутил, лидерот на десноцентристичката „Националистичка партија“, изјави на прес-конференција, дека Малта, што во моментов е ротационен претседавач на ЕУ, е исправена пред „невидена политичка и уставна криза“. 

Тој го зајакна притисокот кон малтешкиот премиер и ги повика избирачите да излезат в недела во Валета на национален протест против корупцијата. 

Мускат беше нападнат откако популарната блогерка Дафне Карауана Галиција, излезе со тврдење дека компанијата што се наведува во панамските досиеја под името „Ергант“, е сопственост на Мишел Мускат, сопругата на премиерот. 

Според блогерката, сопругата на Мускат добивала пари од ќерката на азербејџанскиот претседател преку компанијата „Мосак Фонсека“, правна фирма, што се најде во центоарот на скандалот со панамските досиеја. 

Малтешкиот премиер објави дека не е направена проверка за изнесените информации, но според Бусутил, Мускат прво треба да поднесе оставка. 

На денешната прес-конференција Мускат ги нарече „чиста лага“ тврдењата дека неговата сопруга поседува некаква панамска компанија, наведувајќи дека тој и неговото семјество се жртви на обид за манипулација. 

Малтешкиот премиер го повика лидерот на опозицијата на телевизиска дебата, што ќе се одржи вечерва, а Бусутил го прифати неговиот предлог. 

Малтешката Влада беше погодена од скандалот со панамските документи во 2016 година откако стана јасно дека министерот Конрад Мици и началникот на полицискиот кабинет на премиерот Кијт Шембри формирале нивни тајни компании во Панама, забележа ДПА. см/ссм/19:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ