• A-
  • A
  • A+

вторник, 19 септември 2017, 

Меркел ги губи потенцијалните партнери за централно - десничарска влада

Меркел ги губи потенцијалните партнери за централно - десничарска влада

Берлин, 21 април 2017 (МИА) - Германската партија „Слободни Демократи“ (ФДП) ја отфрла можноста да биде дел од каква било владина коалиција која што без соработка со Меѓународниот Монетарен фонд (ММФ) ќе продолжи финансиски да поддржува членки на Еврозоната кои што се соочуваат со банкрот.

Лидерот на ФДП Кристијан Линднер денеска се спротивстави на министерот за финансии Волфганг Шојбле кој предходно изјави дека новата програма за спас на проблематичните членки на ЕУ не треба да го вклучува ММФ туку да биде европски проект, јавуваат германските медиуми. 

Линднер ја обвинува канцеларката Меркел дека целосно ја менува политиката за спас на земјите членки кои што имаат проблем со ликвидноста и се спротивставува на идејата на Шојбле за претворање на „Европскиот механизам за стабилност“ во „Европски Монетарен Фонд“ односно пандан на ММФ.

„ФДП нема да поддржи таква политика. За нас е апсолутен предуслов идниот пакет за помош во Европа да се базира на независна експертиза и капиталот на ММФ како институционален дел од програмата за спас“, смета Лиднер, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Либералната бизнис ориентирана ФДП традиционално е дел од централно - десничарската коалиција во која влегуваат ЦДУ на Меркел и баварската ЦСУ а за последен пат таква влада ја водеше Германија од 2009 до 2013 година.

Со овие позиции на ФДП дури и заедно со ЦДУ/ЦСУ да дојдат до 50 % поддршка кај електоратот тешко може да се очекува алтернатива за сегашната голема коалиција составена од Христијанските демократи на Меркел и Социјалдемократите. ФДП (6,5 %) заедно со ЦДУ/ЦСУ (36 %) сега има околу 43 % поддршка во јавноста. гм/ссм/16:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...

АББА планира „холограм турнеја“ во 2019 година

Шведската поп група АББА планира светска турнеја в...

Банкноти од 500 евра затнаа тоалетна школка во Женева

Повеќе десетици илјади евра во апоени од 500 се на...

Нема „прочка“ за Руни, Судот му одреди високи казни

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрез...