• A-
  • A
  • A+
сабота, 18 ноември 2017, 

Казнев: Ле Пен сака да го искористи ставот без нималку срам

Казнев: Ле Пен сака да го искористи ставот без нималку срам

Париз, 21 април 2017 (МИА) - Ултрадресничарската кандидатка за претседател на Франција, Марин ле Пен бара начин да ја искористи пукотницата во Париз во која загина полицаец за да собере политички поени и да направи раздор во народот, изјави денеска премиерот на таа земја, Бернард Казнев.

Казнев, кој е член на француската социјалистичка влада, реагираше на реакцијата на Ле Пен на пукањето во Париз, а го издвои и претседателскиот кандидатот Франсоа Фијон, критикувајќи го неговиот притап кон безбедноста додека тој бил премиер.

Казнев го критикуваше повикот на Ле Пен за повторно воведување на контроли на границите и да се протераат странците од земајата кои се на списокот за набљудуање на разузнавачките агенции, велејќи дека порано гласала против таквите безбедносни чекори  на владата.

Тој рече дека Ле Пен гледа да го „искористи стравот без никаков срам“, додавајќи дека ништо во пукањето не може да се доведе во врска со имиграцијата. ви/ссм/15:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ