• A-
  • A
  • A+

вторник, 23 мај 2017, 

Крадци на акумулатори повредиле полицаец во Прилеп

Крадци на акумулатори повредиле полицаец во Прилеп

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Еден полицаец од Прилеп, кој бил на должност, синоќа бил повреден со нож од страна на крадци на акумулатори.

Како што соопшти денеска МВР, полицаецот синоќа во 20.50 часот на улицата „Марксова“ во Прилеп забележал две лица како вршат кражба на алумулатор, по што тргнал кон нив. Еден од сторителите, Р.Р. (42) од Прилеп, забележал дека им се приближил полицаецот и со нож замавнал кон него, нанесувајќи му расекотина во пределот на десната дланка, по што побегнал.

По преземените мерки, полициски службеници ги пронашле и привеле Р.Р. и неговиот 16-годишен син. Повредениот полициски службеник е пренесен и задржан во Општата болница Прилеп,  каде му е констатирана телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. мд/скс/14:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Зошто дождот мириса толку убаво?

Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? ...

Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција

Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Арм...

Аријана Гранде ја прекинува својата турнеја

Американската пејачка Аријана Гранде најави прекин...

Рамазан: Оваа година најкратко ќе се пости во Јужна Америка

Месецот Рамазан, во кој муслиманите во светот пост...