• A-
  • A
  • A+

вторник, 23 мај 2017, 

Осомничен нацист изврши напад врз зграда на руското разузнавање во Хабаровск

Осомничен нацист изврши напад врз зграда на руското разузнавање во Хабаровск

Москва, 21 април 2017 (МИА) - Две лица се убиени денеска кога маж, за кој се претпоставува дека е член на неонацистичка група, отвори оган во зградата на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во градот Хабаровск, на Далечниот Исток на Русија.

Како што јави ДПА, при нападот се убиени службеник на разузнавањето и еден посетител во зградата.

Претставник на ФСБ соопшти дека напаѓачот, кој е убиен при инцидентот, е идентификуван како 18-годишно момче.

Нападот се случил во 17 часот по локално време (9 часот по средноевропско време). сп/13:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Чантата, во којашто Армстронг донесе месечеви камења, оди на аукција

Чантата во којашто американскиот астронаут Нил Арм...

Аријана Гранде ја прекинува својата турнеја

Американската пејачка Аријана Гранде најави прекин...

Рамазан: Оваа година најкратко ќе се пости во Јужна Америка

Месецот Рамазан, во кој муслиманите во светот пост...

Конте си доби свој емотикон на Твитер

Менаџерот на Челси, Антонио Конте доби свој, шампи...