• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

Евростат: Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци

Евростат: Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци

Брисел, 21 април 2017 (МИА) - Во 2015 година Бугарија доделила државјанства на 1.275 луѓе, од кои 99 проценти не се жители на земји членки на Европска унија, објави Евростат.

Најголем број од нив (17,6 проценти) се Украинци, потоа Руси (16,8) и Турци (14 отсто).

Сите странци кои добиле државјанство во Естонија, Летонија и Романија потекнуваат од земји кои не се членки на ЕУ.

Најголем број на државјанства во земјите членки на ЕУ добиле Мароканци, Албанци и Турци. Во 2015 година земјите од ЕУ дале државјанстав на околу 840.000 луѓе.

Мароканците најчесто се натурализирани во Шпанија, Италија и Франција, Албанците во Италија и Грција, а Турците во Германија. Романците и Полјаците се меѓу државјаните на ЕУ, кои најчесто аплицираат за пасош на друга членка на Унијата.

Евростат наведува дека е забележан пад на бројот на молби за државјанство од 2013 година. Во 2015 година регистирано е намалување на новоиздадени државјанства во споредба со претходната за 50.000, а во однос на 2013 година за 140.000. ми/сп/13:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ако сакаат „да го освојат светот“, француските ученици треба да учат англиски

Франција ќе преземе чекори за да се подобри знаење...

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...