• A-
  • A
  • A+

четврток, 21 септември 2017, 

За викендот постудено и ветровито

За викендот постудено и ветровито

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - Температурите утре ќе се спуштат за дополнителни два до три степени во однос на денешните, особено кон истокот на земјата. Според УХМР, утринските темпераратури утре ќе бидат во интервал од - 6 до 3 степени. Позначајно спуштање ќе се почуствува во Кривопаланечко, во Пелагонија и во пониските делови од скопската котлина.

Зголeмување на утринските температури се очекува од вторник кога насекаде ќе бидат над нулата.

Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени, пред се на југоистокот. скс/бак/12:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин (видео)

Комитетот за истрага што го води случајот за новод...

Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаус...

Личните предмети на Одри Хепберн првпат на аукција

Аукциската куќа во Лондон, Кристис, за првпат орга...

По 75 години брак, сопружници починале на ист ден

Британка и Канаѓанец, кои се венчале за време на В...

Се продава магазинот „Ролинг Стоун“

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека т...