• A-
  • A
  • A+

четврток, 25 мај 2017, 

Во Австрија уапсени 26 членови на антидржавно движење

Во Австрија уапсени 26 членови на антидржавно движење

Виена, 21 април 2017 (МИА) - Дваесет и шест лица, осомничени за подготовка на насилни активности, се уапсени вчера во Австрија во масовна операција против антидржавно движење, кое ја отфрла секоја државна власт, откако неговата масовност предизвика загриженост кај австриските власти.

Тие луѓе, кои се претставувале како „противници на државата“ создале, според обвинението против нив, сопствена нелегална држава во името на која планирале да „апсат“ и да „им судат“ на пратеници, судии и банкарски службеници, нагласи обвинителството во јужниот град Грац по акцијата, во која учествуваа над 450 полицајци. 

Организацијата, која обединувала анархисти, неонацисти и следбеници на мистични верувања со месеци се шири во земјите, во кои се говори германскиот јазик.

Според властите во Виена, во неа членуваат и околу илјада Австријци.

- Т.н. противници на државата се радуваат на големиот успех и ризикот да преминат кон насилни дејствија е исклучително голем, изјави министерот за правда, Волфганг Брандштетер.

Освен за планови за насилни акции организацијата „Штаатенбунд Естеррајх“ (Федерација на австриските држави) е обвинета и дека издавала фалсификувани документи и им забранувала на своите членови да плаќаат даноци.

Во октомври двајца „граѓани  на Рајхот“, членови на движење, слично на „Штаатенбунд“ од соседна Германија, отворија оган кон полицајци и убија еден од нив. ац/сп/11:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.