• A-
  • A
  • A+

недела, 23 април 2017, 

Вилијам Маршал: „Џудишал Воч“ ги тужи Стејт департментот и УСАИД за записи за финансирање и политички активности на Фондацијата на Сорос

Вилијам Маршал: „Џудишал Воч“ ги тужи Стејт департментот и УСАИД за записи за финансирање и политички активности на Фондацијата на Сорос

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - „Џудишал Воч“ го тужи американскиот Стејт департмент, УСАИД организациите на Џорџ Сорос, кои во соработка со Стејт департментот, амбасадорот Џес Бејли и УСАИД од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама насочија широкопојасна дестабилизација против Владата и народот на Македонија, изјави  Вилијам Маршал, виш инспектор на американската организација „Џудишал Воч“. 

„Џудишал Воч“, додава Маршал, побара од Стејт департментот и УСАИД, преку Актот за слобода на информациите, да ги објави на јавноста нивната финансиска поддршка и учеството во напорите на Сорос да ја дестабилизира Македонија и да ги подрие нејзините демократски избрани лидери користејќи дипломати како Џес Бејли. - УСАИД, кои наводно користат пари од даночните обврзници на САД со цел да помогнат на земјите од светот, наводно имаат дадено околу пет милиони долари во Македонија во периодот меѓу 2012 и 2016 година. А ова е само мал дел од целината, истакнува американскиот истражувач и виш инспектор на оваа престижна организација.

Според Маршал, „Џудишал Воч“ ја побарала соодветната документација од Стејт департментот и УСАИД минатиот февруари. Двете страни одбиле да одговорат и вчера организацијата ги тужеше во Кривичен суд во Вашингтон. 

- „Џудишал Воч“ ги тужи Стејт департментот и УСАИД за записи за финансирање и политички активности на Фондацијата Отворено Општество-Македонија, на Џорџ Сорос, вели Маршал.

Интернет порталот на УСАИД објавува дека дал 4.819.125 долари од парите на американските даночни обврзници на Соросовата Фондација Отворено Општество – Македонија, помеѓу 2012 и 2016 година, додава Маршал.

џудишал воч- „Џудишал Воч“ поднесе тужба во врска со Актот за слобода на информациите против Стејт департментот и против Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за записи и комуникации поврзани со финансирање и политички активности на Фондацијата Отворено Општество – Македонија. Македонската организација, дел на Фондациите Отворено Општество на Џорџ Сорос, добила приближно 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата беше поднесена во Американскиот федерален окружен суд за Вашингтон, вели Маршал.

Тужбата беше поднесена откако и американскиот Стејт департмент како и УСАИД не одговорија на барањето според АСИ од 16 февруари, со кое се бараа сите записи поврзани со какви било грантови, договори или исплаќања финансии од страна на Стејт департментот до Фондацијата Отворено Општество – Македонија или која било од подружниците на фондацијата.

- Ова ги вклучува сите барања за финансирање, платни овластувања или слични записи, како и сите поврзани записи од комуникациите помеѓу кој било службеник, вработен, или претставник на Стејт департментот и кој било службеник, вработен или претставник на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), истакна американскиот инспектор и истражувач за „Гласот на народот“ на Радио Слободна Македонија.

Ова барање, според Маршал, вклучува записи од одговори на комуникации, пратки од или до американскиот амбасадор за Македонија Џес Л. Бејли, сите анализи или слични записи поврзани со политичките активности на фондацијата Отворено Општество – Македонија и било кои од поврзаните организации на фондацијата, како и сите пораки пратени преку смарт системот на Стејт департментот пратен од кој било американски владин службеник или изведувач кој работи под шефот на дипломатската мисија во американската амбасада во Скопје кои се однесуваат за Фондацијата Отворено Општество – Македонија или која било поврзана организација со фондацијата. ст/10:32

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ