• A-
  • A
  • A+

недела, 25 јуни 2017, 

Попоски се обрати пред студенти на безбедност од Скопје, Белград и Загреб

Попоски се обрати пред студенти на безбедност од Скопје, Белград и Загреб

Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Улогата на Република Македонија во менаџирањето на мигрантската криза што ја зафати Европа во 2015 и 2016 година, како и предизвиците кои произлегоа и следат од неа беа тема на обраќање на вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски пред групата студенти од Факултетот за безбедност во Скопје, Академијата за криминалистика и полициски студии од Белград и Факултетот за политички науки од Загреб во просториите на МНР.

Во својот говор Попоски посебно внимание посвети на прекуграничната соработка, воспоставувањето контрола на границите, обезбедувањето хуман и безбеден транзит по Балканскиот коридор и спречувањето на илегалната миграција, истакнувајќи ја улогата на Македонија како клучна во заштитата на Шенген системот.

- Имавме три предизвици во текот на мигрантската криза: односите со Грција, која не сакавме да ја оставиме на цедило, негативната медиумска кампања при контрола на границата и недостаток од усогласен настап помеѓу земјите. Од денешна дистанца, видливо е дека пристапивме правилно, истакна Попоски.

Шефот на македонската дипломатија се обрати пред студенти од Скопје, Белград и Загреб кои учествуваат во тридневната регионална студентска конференција на тема: „Прекуграничната соработка во справувањето со заедничките безбедносни предизвици од мигрантската и бегалската криза“, во организација Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за истражување и креирање политики и Факултетот за безбедност од Скопје. вј/18:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мараја Кери повторно се избламира

Позната по лежерното и провокативно облекување пеј...

Еден од најчудните рекорди

Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт ...

Качер: Деми ми забрани дружење со нејзините ќерки

Познатата актерска двојка Деми Мур (54) и Ештон Ка...

Две панди пристигнаа од Кина во берлинската зоолошката градина

Транспортен авион пристигна денеска од Кина за Гер...

Прегласниот говор на австрискиот канцелар им пречел на соседите

На една виенчанка и пречел гласниот говор на австр...