• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 октомври 2017, 

Почина милијардерот Дејвид Рокфелер

Почина милијардерот Дејвид Рокфелер

Њујорк, 20 март 2017 (МИА) - Во својот дом во Њујорк, во 101. година од животот, денеска почина милијардерот Дејвид Рокфелер. 

Неговот портпарол Фрејзер Сајтел наведе дека Рокфелер починал утрово во сон. 

Тој беше американски банкар и еден од најбогатите луѓе во светот, и според податоците на „Форбс“ неговиот имот се проценува на околу две милијарди долари. 

Рокфелер е роден во Њујорк и во текот на неговиот живот успеал да остави впечаток на достоен наследник на една од најмоќните капиталистички династии во историјата. 

Пред две години ја имаше шестата операција за пресадување на срце. 

Во 1936 години дипломирал на Универзитетот „Харвард“, а потоа започнал да работи во една од семејните банки во Лондон.

Во 1940 година почнува да работи во градската служба во Њујорк. 

За време на Втората светска војна служел во воената разузнавачка служба за работи поврзани со економска шпионажа. Крајот на војната го дочекал со чин - капетан. 

Од 1946 година до 1981 година бил главен извршен директор на водечката светска банка „ЈП Морган енд Чејс банк“. 

Меѓу многубројните филантропски активности, Рокфелер го основа и центарот „Дејвид Рокфелер Центар фор Латин Американ Стадис“, што работи во рамките на Универзитетот „Харвард“. 

Тој беше последен од својата генерација во едно од најпознатите филантропски семејства во светот. см/ссм/17:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Плачев додека го читав сценариото за последната епизода од „Игра на престолите“

Популарниот актер Кит Харингтон изјави дека заплак...

Писмо пронајдено на загинат патник од Титаник продадено за 140.000 евра

Писмо пронајдено кај еден од загинатите патници на...

Поранешни претседатели на САД собираа пари за жртвите на ураганите Харви и Ирма

Сите живи поранешни претседатели на САД Џими Карте...

Жителите на Карлсруе во потрага по „чудовиштето“ што им ги напаѓа лебедите

Локалните власти во германскиот град Карлсруе реши...

Трамп следната недела ќе ги објави документите за убиството на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска нај...