• A-
  • A
  • A+

недела, 20 август 2017, 

Столтенбер замина на тридневна посета во САД

Столтенбер замина на тридневна посета во САД

Брисел, 20 март 2017 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја започна тридневната посета на САД. Тој првпат ќе ја посети земјата, откако стапи на власт администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп. 

Утре, Столтенберг ќе се состане со американскиот министер за одбрана Џејмс Матис. 

Тој во среда ќе учествува на заседание на министрите за надворешни работи на земјите од меѓународната коалиција што војува против Исламската држава, стои во соопштението на НАТО. см/ссм/16:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.